Споредувањето со другите луѓе се случува по автоматизам како и сите други емоции. Негативните ефекти од споредувањето со другите се пречка да зрееме и да ги истакнуваме и споделу ваме сопствените способности.
Споредувањето прави да се фокусираме на нешто што е надвор од нас. Ги оценуваме сопствените способности според достигнувањата на другите. Врската на себе со другите е поврзана со активноста на регија во мозокот дефинирана според теоријата на умот – способноста да ги разбереме менталните состоjби на себе си и другите.
Една студија покажала дека иако луѓето рационално ги оцениле сопствените способности, оценката била делумно поврзана со перформансот на другите. Оценувањето на сопствените и туѓите способности е клучно за опстанокот, со што донесуваме одлуки на која социјална група да се приклучиме, а каде да очекуваме напад. Во секојдневниот живот секојдневно судиме за многу аспекти на личноста, интелектот, физичкиот изглед итн. Поголеми психолошки истражувања покажале дека споредувањето со други луѓе може да биде ефективно за себе-евалуирање, и обратно, луѓето ги основаат своите судови за другите на личните способности. Сепак, малку се знае кој дел од мозокот служи конкретно за ова.
Во друга студија се дошло до заклучок дека нашите ставови за однесувањето се поклопуваат со личните искуства на работното место. Практично, може да се чувствуваме подобро или полошо зависно од тоа колку добра е групата во целост, или може да се чувствуваме лошо ако се соочиме со силен противник.
Истражувачите велат дека е многу важно да се учи за себе и другите исто како што е витално за животните да знаат кога да нападнат, а кога да се повлечат. Луѓето вака знаат колку можат и како треба да се постават кон противникот. Во хиерархијата на доминација кај животните важно е да се знае сопствената вредност. Кај луѓето постои социјална хиерархија, но тие се посклони да ја менуваат социјалните групи, во семејството, работата, спортскиот тим итн.
Но, луѓето од друга страна, без разлика на културната или образовната основа имаат други уникатни дарби. Способни сме за љубов, благодарност, емпатија, несебичност и дарежливост, нешта што не се сместуваат во шаблон. Сега се истражува дали механизмите на мозокот што се одговорни за евалуациите на другите и себе може да се причина за клинички синдроми.