X
 29.11.2016 Живот

Како го замислувам животот во 2030: Брутално писмо на една европратеничка

ida

 

Добредојдовте во 2030. Ништо не поседувам и немам приватност; се' на се', животот никогаш не бил подобар.


Вака Ида Окен, член на данскиот парламент, го замислува својот град за нешто помалку од 15 години.

„Можеби ви делува чудно, но потполно има смисла во овој град. Се' што се сметало за производ сега е услуга. Имаме пристап до превозот, сместувањето, храната и сите останати работи кои ни се потребни во секојдневниот живот.

 

Една по една, сите овие работи станаа бесплатни, па на крајот нема никаква смисла да поседуваме многу работи“, пишува таа.

Прво дигиталната конверзација стана бесплатна и достапна за сите, а потоа и чистата енергија. Превозот е значително поевтин и повеќе нема смисла да поседуваме автомобил кога можат автомобили без возачи и летечки возила да ни го донесат она што ни е потребно за неколку минути. Поради овие нови видови на превоз сообраќајот се одвива многу поорганизирано, па гужвите се само лошо сеќавање.

Сепак некои работи не изумираат. Шетањето, возењето велосипеди, готвењето, цртањето или одгледувањето на растенија никогаш не ја губат магијата според мислењето на Ида.

„Потполно има смисла и не' потсетува на тоа дека нашата култура се родила од блискиот однос со природата,“ раскажува таа.

Исто така, екологијата е во подем поради тоа што сега се користи само чиста енергија и чисти методи на производство. Се' се прави за да трае подолго, да може да се поправи и рециклира. Никој не се осудува да ги допира заштитните делови на природата бидејќи сите знаат дека тие делови се суштински за нашата благосостојба.

„Во градовите насекаде имаме многу зелени површини, растенија и дрва. И натаму не ми е јасно зошто во минатото секоја слободна површина ја покривавме со бетон, “ вели Ида.

 

Шопингот тука веќе одамна е изумрена активност. Некогаш се мислиме што да облечиме, но сега тоа за нас го прави алгоритам кој нас не' познава подобро отколку самите себе. Откако роботот започна да ги прави овие работи за нас, имаме повеќе време да се храниме подобро, да спиеме повеќе и да поминуваме повеќе време со другите луѓе. Ни работата не е повеќе напорна како што беше порано - сега тоа време е резервирано за размислување, креирање и развивање.

„Некое време се' се претвори во забава и луѓето не сакаа да се замараат со тешки работи. Во последен момент сфативме како да ги користиме новите технологии за подобри цели“, вели таа.

Единствено што ја загрижува се луѓето кои не се вклопија и живеат различни животи надвор од овие градови. И сама се изнервира поради фактот дека не постои ни малку приватност и каде и да оди или што и да направи, некаде ќе биде забележана, но се надева дека нема да биде искористено против неа.

„Се' на се', животот е добар. Многу подобар од оној кој досега го живевме, кога стана очигледно дека не можеме повеќе да продолжиме со истиот модел на развој. Се случуваа толку ужасни работи. Болести, климатски промени, мигрантски кризи, пропаѓање на животната средина, целосно загадени градови, загадување на водата, воздухот, граѓански немири и невработеност. Изгубивме премногу луѓе пред да сфатиме дека можеме да ги правиме работите на друг начин“, заклучува Ида.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот