X
 28.10.2020 Здравје

Награда за здравствените работници што работат во ковид-центри. Владата ќе издвои 54 милиони денари

Со ребалансот на Буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници што се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19. Парите ќе бидат наменети за вработените во ковид-центрите во Скопје и во болниците во другите градови низ земјава.

Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари што Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот „ремдесивир“, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи.

Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почне да се реализира четвртиот сет мерки за помош на граѓаните, компаниите и целата економија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје