Снимањето на продолжението на популарната серија „Игра на троновите“ официјално почна, а во јавноста излегоа и првите фотографии од сетот.
Како што е најавено, „Куќа на змејот“ ќе го следи времето пред настаните во „Игра на троновите“. Новата серија ќе се занимава со семејството Таргариен, а првите сцени се снимаат во Северна Ирска.
Актерот Мет Смит и актерката Ема Дарси беа фотографирани на снимањето на сцената за првата половина од новата сезона.
Оригиналната серија „Игра на троновите“ наиде на критики по последната сезона и начинот на кој сценаристите одлучија да ја завршат приказната.
Премиерата на
„Куќа на змејот“ треба да почне во 2022 година, а во неа ќе играат Педи Консидајн, Оливија Кук, Мет Смит, Ема Дарси и Фабијан Франкел.
Сезоните ќе имаат по 10 епизоди, а Џорџ Р. Р. Мартин е кокреатор и извршен продуцент на серијата.
Фото: Twitter