X
 06.04.2023 Култура

Еве како ќе изгледа втората сезона на „Куќа на змејот“

Наскоро ќе почне снимањето на втората сезона на серијата „Куќа на змејот“ во Велика Британија, но првичниот план е променет.

По поправките на сценариото, наместо планираните 10 епизоди, втората сезона ќе има две епизоди помалку.

Предвидени се три до четири сезони

Креативниот тим на серијата планира три до четири сезони. Тоа е дел од долгорочниот план на Ејч-би-о.

Епската сага за семејството Таргариен треба да продолжи следната година. Зад серијата стојат Рајан Кондал и Џорџ Р. Р. Мартин чија книга „Оган и крв“ послужи како водич за развојот на приказната. Режисерот Мигел Сапочник, кој беше дел од првата сезона, нема да биде дел од втората.

Што ќе се случува во текот на втората сезона?

Првата сезона на серијата нè доведе приближно до почетокот на конфликтот, со првите сериозни удари. Се знае само дека ќе се случат неколку големи настани. Без да навлегуваме во премногу детали, ќе има заговор во замокот Ред кип, Ренис Таргариен повторно ќе се качи на Мелис и ќе има потрага по повеќе јавачи на змејови. Се очекува и голем настан од книгата, познат како „Крв и сирење“.

Првата сезона завршува така што Емонд го убива Лусерис при борбата со змејови во големата бура, а во финалето Ренира ја дознава лошата вест. Така, можеме да очекуваме побрутална Ренира во втората сезона.

Кога ќе биде премиерата на втората сезона?

Иако посакуваме втората сезона да биде во 2023 година, тоа не доаѓа предвид. Со оглед на тоа што сè уште не почнала да се снима и предвидени се повеќе локации за снимање, едноставно нема шанси Ејч-би-о да објави нешто до крајот на годината. Извештаите велат дека снимањето нема да биде завршено до декември 2023 година.



Извор: Winteriscoming.com
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура