Веројатно многу пати сте помислиле дека работите би биле полесни ако имавте повисоки поени на интелигенција. Сигурно мислите дека би биле среќни и дека животот би ви понудил повеќе работи, меѓутоа истражувањето кое доаѓа од веб страната „Quora“ наречено: „Кога интелигенцијата станува проклетство?“, високите IQ поени можат да бидат токму тоа - проклетство.
Со кои проблеми најчесто се соочуваат интелигентните луѓе?
Често размислуваат наместо да чувствуваат
Корисникот Маркус Гедлуд вели дека во повеќето случаи тој добро ги разбира своите чувства и истите може да ги пренеси на другите луѓе, меѓутоа ретко чувствува олеснување откако ќе ги покаже.
„Ова е чест проблем на паметните луѓе, особено оние кои се доста вербални. Тие ги користат зборовите како маска и се доста ефикасни во тоа, особено ако зборовите се вистински. Луѓето кои помалку зборуваат своите фрустрации ги искажуваат физички - викаат, удираат, плачат, трчаат, танцуваат, скокаат. Јас објаснувам. Кога завршувам со објаснувањето, се' што кажав се'уште е заробено во мене, само што сега има етикета“, објаснува Маркус.
Научниците не се сигурни како се поврзани когнитивните и емоционалните способности, но докажано е дека високата емоционална интелигенција се компензира со ниските когнитивни способности, барем кога станува збор за животната средина. Со други зборови, се чини дека високо интелигентните луѓе не мораат да се потпрат на емотивните способности за решавање на проблемите.
Луѓето често очекуваат да се добри - во се'
„Од вас автоматски се очекува да бидете најдобри, без оглед на се'“, пишува корисничката Рошна Назир. „Немате со кого да разговарате за вашите несигурности и слабости“, додава таа.
Токму поради ова паметните луѓе често пати паничат и се грижат што ќе се случи ако не се најдобри во се' што прават. „Ваквиот пристап не ви дозволува да ризикувате и да не успеете бидејќи се плашите од неуспех“, додава Саурабх Мехта.
Родителите често се оние најнервозните кога станува збор за успехот на своите деца кога тие се паметни и кога добро им оди на училиште бидејќи тоа некогаш знае да доведе до големо фокусирање на постигнувањата и премал развој на способностите.
Не знаат да ценат напорна работа
Голем број од корисниците на „Quora“ велат дека интелигентните луѓе често се чувствуваат дека не мора да се трудат како сите останати.
„Интелигенцијата станува проблем кога оние кои ја поседуваат рано во својот живот откриваат дека не мора да се трудат многу за да бидат во чекор со останатите. Тоа води до недоволно развивање на работна етика“, пишува Кент Фанг.
Истражувањата покажуваат дека одреден тип на интелигенција е во негативна корелација со совесноста - функција која одредува колку сте темелни и колку се трудите.
Им одат на нерви на другите луѓе поради тоа што постојано ги поправаат во текот на разговорите
Кога знаете дека некој кажал нешто погрешно, тешко е да се спротиставите на желбата да ја поправите личноста. Сепак, мора да бидете чувствителни и да знаете дека оваа личност можете да ја усрамите со вашата поправка.
„Интелигенцијата знае да биде депресивна. Ако поправањето на луѓето ви стане навика, тие ќе престанат да се дружат со вас“, пишува Раксит Карамредеј.
Премногу размислуваат за работи
Високо интелигентните луѓе поминуваат доста време размислувајќи и анализирајќи ги ситуациите.
„Сфаќате дека се' е бесмислено и дека ништо нема никакво значење. Барате одговори на прашањата и тоа ве излудува“, пишува корисникот Акаш Лада.
Дека ова е вистина го потврди и истражувањето објавено во 2015 година кое тврди дека вербалната интелигенција е поврзана со грижата и размислувањето за емотивно негативните искуства од сопственото минато.
Сфаќаат колку работи не знаат
Кога човек е паметен тоа често значи дека е свесен за ограничувањата на сопственото знаење. Колку и да се труди, никогаш нема да може да научи и да сфати се'.
„Интелигенцијата е проклетство кога ќе станете свесни за тоа колку работи всушност не ги знаете, а чувството се зголемува со откривањето на се' повеќе информации“, пишува корисникот Мајк Фаркас.
Ова го поткрепува истражувањето на Џастин Кругер и Дејвид Данинг кои открија дека луѓето, колку што се помалку паметни, толку повеќе ги преценуваат своите когнитивни способности и обратно.