X
 12.10.2016 Образование

Прирачник за произведување и бесплатно дистрибуирање едукативни видеа



Прирачник за едукативни видеа


Санџај Сарма од MIT вели дека универзитетите, конкретно, но и музеите, библиотеките и другите образовни и културни институции продуцираат филмови, но прашањето е кому му служат тие?
Одговорот е очевиден и се чини дека филмовите се прават за мноштво заинтересирани страни, но исто така, овие производи се наменети и за светот.

Во време кога во светот се случуваат еден куп глупости, повеќе од јасно е дека сите имаме одговорност да го подобриме животот додека сме присутни на Земјава, а тоа можеме да го направиме, меѓудругото, преку споделување на нашето знаење.

По примерот на САД, и други национални истражувачки индустрии и институции од научното издаваштво овозможија бесплатен пристап до писмените текстови од финансираните истражувања, па се поставува прашањето дали едукативните видеа ќе се изборат за истиот статус.

По повод третата конференција Learning with MOOCs на универзитетот во Пенсилванија, Intelligent television го претставија новиот водич: Прирачник за едукатори. Водачот е етапно упатство за продуцирање и дистрибуирање едукативни видео-содржини без посебни дозволи, со помош на Creative Commons.     
Прирачникот го опишува процесот на создавање едукативни видеа во контекст на повеќе од 100 години работа на подвижните слики во универзитетите и пошироко.

Потребата да се споделува знаење во слободна средина не е новитет. Во проектот се вклучени MOOCs, Open Courseware, Wikipedia, Creative Commons и Google/Youtube, а замислата потекнува од визионерите како Ричард Сталман, дури и многу порано, од времето на просветителството, и пред тоа – во древна Александрија и династијата на Птолемаидите. Која била визијата? Да се создаде огромен извор на богатство: глобална енциклопедија, библиотека, музеј и сл. што ќе овозможат универзален пристап до знаење. Со помош на интернетот, реализацијата е дополнително олеснета.

Дали остатокот од светот има право на знаењето што се создава во универзитетите и другите културни и образовни институции? И дали сите ние имаме обврска да го споделуваме? Живееме еднаш, но проблемите со кои се соочуваме нè надживуваат. Да се дисеминира знаењето преку најмоќниот современ медиум треба да биде најважната определба на човештвото.        

Бесплатен пристап до Прирачникот на следниов линк.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование