Интрахоспиталните инфекции претставуваат значаен јавно здравствен проблем, како во развиените, така и во земјите во развој. Значењето и големината на проблемот со интрахоспиталните инфекции е детерминиран со серија на последици како што се медицински, легални, етички и економски. Микроорганизмите кои ги предизвикуваат повеќето интрахоспитални инфекции доаѓаат од телото на пациентот (ендогена флора). Тие можат да дојдат и од контакт со персоналот ( цросс контаминација), контаминирани инструменти и игли, и од околината (екзогена флора). Повеќето интрахоспитални инфекции не се поврзани со епидемиологијата, но се случуваат постојано како спорадични случаеви. Надзорот на интрахоспиталните инфекции е камен - темелник за превенција и контрола.
Дефиниција
Интрахоспитална (нозокомијална) инфекција е инфекција настаната кај пациентите и персоналот во болница или некоја друга здравствена установа. Интрахоспиталните инфекции се инфекции настанати 48 часа после приемот и најмногу 48 часа по излегување од болница.
Историјат на интрахоспиталните инфекции
Проблемот со интрахоспиталните инфекции се јавил со воведување на институциите со болничко лечење. Современата хирургија настанала на територијата на Европа во текот на претходните векови, а пред 150 години инфекциите на оперативните места биле толку чести да гноењето на оперативното место се сметало за позитивна реакција на организмот на повредата и покрај тоа што две третини од ампутацијата на екстремитетите имале смртен исход заради инфекција.
Работата на Семелвајз претставува значен напредок, Семелвајз ја воочил разликата во степенот на смртност на две различни одделенија на породилиштата во округот на Универзитетската болница во Виена. После примената на препораките на Семелвајз за мерките на хигиена на рацете (дезинфекција на рацете со калциум хипохлорид) стапката на смртност значајно се намалила на двете одделенија, во наставната база за 89%, а во одделението каде работеле бабици за 52%.
Надзор над интрахоспиталните инфекции
Една од основните активности во современата стратегија на борба против интрахоспиталните инфекции е спроведување надзор над интрахоспиталните инфекции. Надзор над интрахоспиталните инфекции се дефинира како постојано собирање (откривање и регистрирање), обработка, споредување, интерпретирање и доставување на податоци за интрахоспиталните инфекции. Основна цел на надзорот над
интрахоспиталните инфекции е неговата превенција и сузбивање.
Етиологија на интрахоспиталните инфекции
Во текот на лекувањето во болница, пациентите се во контакт со голем број на различни микроогранизми, што ги доведува во значаен ризик од настанување на интрахоспитални инфекции. Тие можат да бидат предизвикани од вируси (хепатитис Б, Ц, ротавирус, респираторен синцицијален вирус, ентеровирус, вирусот кој предизвикува САРС), паразити (Giardia lamblia), габи (Candida albicans, Aspergillus spp., Crdzptococcus neoformans, Crdzptosporidium), ектопаразити (Sarcoptes scabiei), а последните години се истакнува и значењето на прионите.
Општо гледано, треба да се разликуваат две големи категории на бактериски предизвикувачи.
Во првата категорија се бактериите на нормалната флора кај здрави лица т.н. коменсали.
Во другата категорија припаѓаат патогените бактерии.
Настанување на интрахоспиталните инфекции
Настанувањето на инфекцијата е резултат од интеракција меѓу инфективниот агенс и домаќинот. Постојат две групи на ризик фактори за појава и развој на интрахоспитална инфекција:
1. Внатрешни (intrinsing) фактори - фактори кои потекнуваат од самиот пациент.
2. Надворешни (extrinsing) фактори - фактори кои потекнуваат од средината.
Најчести интрахоспитални инфекции
Најчести клинички симптоми на интрахоспитални инфекции:
-Крвоток
-Централен нервен систем
-Гастроинтестинален тракт
-Респираторен тракт
-Кожа и меки ткива
-Хируршко поле
-Уринарен тракт
Застапеност и распространетост на интрахоспиталните инфекции
Студијата на Светстката здравствена организација (СЗО) изведена во 55 болници во 14 земји репрезентативни за 4 региони во светот, покажа дека околу 8,7% хоспитализирани пациенти добиваат интрахоспитални инфекции. Поголема преваленција е забележана во регионите на источен Медитеран (11,8%) и југоисточна Азија (10,0%) во однос на регионот Европа (7,7%) и западен Пацифик (9,0%).
Преваленција и контрола на интрахоспиталните инфекции
Тоа подразбира правилно чистење, дезинфекција и стерилизација во болничките установи, како и почитување на асептичките техники, пред се хигиена на рацете (наједноставни, но посебно значајни мерки за превенција на интрахоспиталните инфекции), како и почитување на мерките за изолација на пациентите.
Со активна работа на превенцијата на интрахоспиталните инфекции може да се спречи една третина од овие инфекции.
Автор: Владимир Белевски, болнички фармацевт во „Плодност“ - Специјална болница за гинекологија и акушерство во Битола