Книжарниците низ светот наоѓаат креативни начини да продолжат со работа за време на пандемијата. Некои се фокусираат на онлајн-продажбите, а други се промовираат на други начини. Една книжарница во Колорадо, САД, им испраќа торби со книги на своите потрошувачи.
Фото: Pixabay
Сопствениците на „Тридент букселрс енд кафе“ морале да ја затворат книжарницата во март. Наместо целосно да престане со работа, продавницата почнала да им испраќа книги на своите посетители.
Книжарницата има понуда со која за 50 долари испраќа торба со книги одбрани од вработените во книжарницата.
Кога ја одбираат понудата, купувачите може да одберат категории кои им се омилени, а книжарницата ќе им испрати четири до шест книги од одбраните категории. Во торбата со книги има и чај или кафе, според изборот на купувачот.
Фото: Pixabay
Вработените во книжарницата ги доставуваат торбите со книги со велосипед, а носат заштитни ракавици и маски. Откако почнала промотивната понуда книжарницата продала стотици торби со книги.
Автор: Мишел Дебчак
Извор:
mentalfloss.com