X
 27.03.2024 Живот

Ја освои вселената, а настрада во авион - 56 години од мистериозната смрт на Јуриј Гагарин

На 27 март 1968 година рускиот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин загина при пробен лет со авион – тој беше првиот човек што ја обиколи Земјата со вселенскиот брод „Васток“.

Неговата смрт е обвиена во мистерија - се поставуваат многу прашања и се градат многу теории.

Гагарин изведе тренинг-лет на ловецот „миг-15УТИ“ заедно со неговиот учител Владимир Серјогин, искусен пилот кој во Втората светска војна бил награден со орденот „Херој на Советскиот Сојуз“. Планирале да летаат најмалку половина час, но Гагарин набрзо ѝ соопштил на контролата на воздушниот сообраќај дека се враќаат во базата. Потоа врската со авионот била целосно изгубена.

Делови од авионот подоцна биле пронајдени недалеку од градот Киржач. Авионот бил целосно уништен.

Телото на Гагарин не било пронајдено, па била покрената истрага за неговата смрт.

Најверојатно, причината за катастрофата е остар маневар за да се избегне судир со воздушен балон за проучување на атмосферата. Така, авионот влегол во критичниот режим на летање, а потоа и во спирала – тоа бил заклучокот на претставникот на претседателската архива.

Според оваа верзија, смртта на Гагарин била несреќен случај.

На многумина не им се допаднала официјалната верзија, па се појавиле разни теории. Некои космонаути и пријатели на Гагарин верувале дека постариот пилот Серјогин имал срцев удар и едноставно паднал на едниот од контролните лостови, предизвикувајќи фатални последици.

Постои теорија дека пилотите ги загубиле животите поради неочекувано намалување на притисокот во кабината или дека моторот откажал.

Мистеријата околу падот на авионот на Гагарин трае до ден-денес.

Извор: 6yka.com

Фото: Wikipedia

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот