05.04.2018
Живот
Величетврток - почна чествувањето на Велигден
До вчера низ домовите се правеше големо чистење, а денес обичаите почнуваат уште рано взори, пред изгрејсонце, кога се вапсуваат првите јајца - најраспространетата христијанска традиција.
Денеска е Величетврток. Црквата на овој ден споменува за светото миење на нозете, тајната вечера и предавањето на Синот Божји. Во храмовите верниците се помолија за прошка.
Симбол на Велигден се црвените јајца. Рано утрово домаќинките вапсуваат три јајца.
Црвеното јајце во христијанството е симбол на воскресението Христово. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.
Црвената боја ја означува крвта на Исус Христос, тој ја дал својата крв за да нѐ спаси од гревовите.
На вапсаните јајца најмногу им се радуваат децата, а бабите ќе ги чекаат внуците да им дојдат на гости и со јајцата ќе ги помилуваат по образите за да бидат здрави и среќни.