X
 07.12.2016 Живот

Став: Секогаш гласам по сопствено убедување



“Јас сум млад човек, но сериозно им пристапувам на моите гласачки одлуки. Секогаш гласам по сопствено убедување и сакам мојот глас да допринесе да избереме политички партии и кандидати кои ќе ги заштитуваат вистинските општетсвени вредности, кои се достоинствени и работат во интерес на сите граѓани на нашата земја. Моите врсници мислат дека не е кул да зборуваш и да размислуваш на тема – политика. Многумина велат дека нивниот глас нема нешто многу да смени. Трети си ја разгалуваат совеста оградувајќи се од политиката. Некои пак, не знаат каде и како да гласаат. Младите сега мислат дека е модерно да кажеш – “Не се замарам со политика!“ “Немам за кој да гласам!“ Ова ќе биде најчесто исказот кој ќе го слушаме во претсојниот период, најзастапениот твит или статус на социјалните мрежи и во исто време – најпогрешниот став. Со цел да се изгради ефикасен, претставнички, демократски систем мора да се вклучат што е можно поголем број млади граѓани, а не набљудувачи. На крајот, оној кој не гласа нема право да се жали”.

Дејан Ристовски, 32 години, економист
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот