X
 18.01.2024 Наука

Како астрономите-аматери ѝ помогнаа на НАСА да следи далечен свет со големина на Сатурн?

Насочувајќи сребрен телескоп кон вечерното небо, Фадиб Саиби се подготви за специјална сесија за набљудување во дворот на неговиот дом во Санивејл. Целта: TOI-4600c, планета во близина на соѕвездието Драко, која орбитира околу ѕвезда на околу 815 светлосни години од Земјата.

Во текот на секојдневието Саиби работи како директор на „Артемис нетворкс“, компанија за безжична технологија. Но, на 16 октомври тој се занесе во неговото хоби како дел од широко распространетата истражувачка студија спроведена од астрономи-аматери низ светот. Проектот се обидува да го разбере ТОI-4600c и другите светови кои орбитираат околу далечните ѕвезди, познати како егзопланети. Тоа е пример за граѓанска наука - соработки кои вклучуваат обични членови на јавноста во научно истражување.

Научен проект од овој тип генерално не е причината што луѓето ги набљудуваат ѕвездите, но ова истражување привлече светска мрежа на аматерски астрономи како Саиби.

- Понекогаш сакам само да го поминам времето гледајќи во ѕвездите - вели тој.

Проектот е наречен „Унистеларна мрежа на истражување егзопланети“ и е организиран од Институтот СЕТИ и НАСА.

Ова истражување го дели небото на 26 сегменти, а сателитот го набљудува секој сегмент на секои 27 дена. Камерите не ги гледаат егзопланетите директно, туку го снимаат намалувањето на количината на светлина што доаѓа од ѕвезда додека егзопланета поминува пред неа.

Главната програма набљудува егзопланети, од големи како Јупитер до помали од Сатурн кои орбитираат околу ѕвезди слични на нашето Сонце. Често овие планети се многу потопли и орбитираат поблиску до нивната ѕвезда. Наместо да ги проучува овие жешки планети, проектот има цел да собира податоци за поретки светови кои орбитираат подалеку од нивните матични ѕвезди.

ТОI-4600c е слична по големина на Сатурн, со орбита која во нашиот Сончев Систем би ја ставила помеѓу Земјата и Марс. Се претпоставува дека температурата во атмосферата е -110 Целзиусови степени, што ја прави потопла од Јупитер. Оваа планета орбитира околу портокалова џуџеста ѕвезда која е малку помала и поладна од нашето Сонце. По откривањето на почетниот транзит во 2020 година, бил забележан втор, 965 дена подоцна во 2022 година. Ова ги заинтригирало научниците: дали оваа егзопланета навистина може да има толку долга орбита?

Работејќи со компјутерски модели за симулирање на можната орбитална динамика на егзопланетата, дипломецот Исмаел Мирелес и неговиот тим од Универзитетот во Ново Мексико пресметале дека телескопот најверојатно пропуштил еден транзит. Ова значело дека следната ќе може да се набљудува на северната хемисфера во средината на октомври 2023 година.

Научниците организирале меѓународна сесија на 16 и 17 октомври на која учествувале набљудувачи од Источна Азија до Северна Америка.

Сè што требало да направат е да го постават својот паметен телескоп на прозорецот за набљудување и да ги постават координатите преку апликацијата „Унистелар“ на нивниот телефон. Нивните телескопи потоа автоматски би ја следеле ѕвездата-домаќин додека таа го зафаќа ноќното небо, снимајќи ја количината на светлина што допира до телескопот и испраќајќи ги податоците до компјутерските сервери во Институтот СЕТИ.

Шест набљудувачи во Јапонија го „фатија“ влегувањето на егзопланетата, кога таа почнала да ја преминува својата ѕвезда-домаќин.

Околу 11 часа по набљудувањата, неколку американски аматери-астрономи успеале да го фатат „излезот“ на егзопланетата додека го завршувала својот транзит од матичната ѕвезда.

Комбинирајќи ги податоците, водечкиот научник Лорен Сгро од Институтот СЕТИ создал сеопфатна светлосна крива што ги прикажува придонесите на секој аматер-астроном.

Глобалниот напор за документирање на транзитот на TOI-4600c ќе помогне да се утврди точната должина на неговата година, проценета на околу 482 дена.

Ваквите проекти се вредни за собирање повеќе податоци за далечните светови.

Извор: Mercurynews.com
Фото: Nhat V. Meyer/Bay Area News Group
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука