Претходник-серијата на „Игра на тронови“, „Куќа на змејот“, ќе има премиера во 2022 година.
Продукцијата неодамна имаше мала пречка откако беше откриен позитивен ковид-случај, но оттогаш се врати во нормала. Обожавателите се возбудени за претстојната серија, но се загрижени за тоа дали ќе биде добра како оригиналната серија, особено по контроверзната последна сезона од „Игра на троновите“.
Но, се чини дека писателот Џорџ Р. Р. Мартин уште еднаш освојува со својот шарм. „Куќа на змејот“ се наоѓа на врвот на листата со најочекувани оригинални ТВ-серии според филмската веб-страница IMDb.
IMDb неодамна објави листа со најочекуваните оригинални ТВ-серии за 2022 година, во која беа вклучени некои од најперспективните серии што обожавателите ги очекуваат, а некои од нив се: „Последниот од нас“, „Сендмен“, „Пем и Томи“, „Господарот на прстените“ и „Куќа на змејот“, која се најде на првото место, додека „Господарот на прстените“ на второто.