Големите и профитабилни компании се чинат идеални за работа и напредок во кариерата, но новото истражување на „Мајкрософт“ донекаде ја сруши оваа идилична слика.
Резултатите од истражувањето на „Мајкрософт“ покажуваат дека 40 отсто од вработените не се задоволни од работата и би дале отказ. Ова е исклучително висок процент, што секако беше под влијание на пандемијата, бидејќи многу работници што почнаа да работат од дома мораа да се соочат со поголем обем на обврски, а за иста плата.
Истражувањето потврдува дека работниците низ светот се исцрпени и дека нивните претпоставени не го гледаат тоа затоа што нивниот приоритет е висока продуктивност. Истражувањето е наречено „Следното големо нарушување е хибридната работа - дали сме подготвени?“ (The Next Great Disruption Is Hybrid Work - Are We Ready?).
Извештајот дава подобар увид во седумте тренда на хибридна работа што треба да ги знае секој лидер во бизнисот, имајќи предвид дека од пролетта 2020 година ние сме во нова ера на деловно работење. Фокусот е на тоа дека деловните лидери треба да се спротивстават на нагонот да ги гледаат хибридните режими како вообичаени.
Фото: Freepik
Добрата страна е што компаниите сакаат да продолжи работата на далечина дури и по пандемијата бидејќи истражувањата покажаа дека ова е значајно за дури 74 отсто од вработените. Покрај тоа, има сè повеќе огласи за работа што нудат таков систем на работа. Само на „Линкдин“ бројот на такви огласи е зголемен за пет пати.
Но, има и некои недостатоци. Нема интеракција во живо, намален е бројот на соработници, како и бројот на пораки испратени до цели тимови, поголеми групи луѓе и луѓе без работа, што беше потврдено од „Мајкрософт тимс“ и „Аутлук“. Од друга страна, има зголемување на бројот на пораки што циркулираат во потесен круг.
Ваквиот тренд, сепак, може негативно да влијае врз иновациите во бизнисот. Флексибилниот начин на работа останува наша иднина и затоа лидерите мора да се приспособат на тоа, односно да почнат да комуницираат повеќе и подобро со вработените.
Генерацијата З е особено изложена на ризик и има потреба од нова енергија. Исто така, хибридниот начин на работа донесе и движење на работниците, па може да се заклучи дека настапи децентрализација на работната сила. Дигиталните номади порано беа огромно малцинство, но сега ги има сè повеќе.
За разлика од работниците што го менуваат своето место на живеење секој месец, другите работници на далечина
можат да останат на едно место, дома, и да одат во компанијата или двапати неделно или по потреба.
Фото: Freepik
Лидерите мора да ги направат овие 5 промени:
1. План за зајакнување на луѓето кога станува збор за флексибилноста.
2. Инвестирање во просторот и технологијата за да се направи транзиција помеѓу физичкиот и мрежниот свет.
3. Решавање на проблемот со т.н. „дигитална исцрпеност“ бидејќи многу пати е докажана прекувремената работа што ја носи работата на далечина.
4. Воспоставување нов социјален капитал.
5. Редефинирање на начинот на работење: како се работи, од каде се работи, дали постои простор за дополнителни придобивки и обуки.
Ова се само еден дел од напорите да им се олесни работата на работниците во новата (пост)ковид-ера на работење. Истражувањето заклучува дека во моментов најлошо им е на оние на возраст од 18 до 25 години, а истражувачите претпоставуваат дека тоа е затоа што тие се на почетокот на својата кариера и често живеат сами.
- Деловните лидери изгубија контакт со вработените. Околу 61 отсто од нив изјавиле дека напредуваат, а само 38 отсто од вработените го делат тоа мислење со нив. Очигледно е дека постои јаз во доживувањето на една иста ситуација - вели Џаред Спатаро, претседател на компанијата, задолжен за „Мајкрософт 365“.
Големиот недостаток на актуелниот начин на деловно работење е тоа што се добива впечаток дека е избришана границата помеѓу деловниот и приватниот живот, како и фактот дека газдите очекуваат работникот да работи од 7 часот наутро, и дека може да го контактираат во 19 или 20 часот вечерта, вели Џаред.
Фото: Freepik